-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Потребни се нови парламентарни избори со цел граѓаните да не бидат пост изборно измамени од Заев
-->

Тиранската Платформа е против уставна и нејзиното прифаќање ја втурнува Македонија во процес на федерализација. Оваа Тиранска Платформа има за цел да ја разнебити Македонија и да ја претвори од мултиетничка во бинационална држава.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува на реализација на Тиранската Платформа, бидејќи смета дека истовремено преставува класична уцена, но и рушење на највисоките државни и национални интереси. Впрочем ВМРО-ДПМНЕ затоа не постигна договор за формирање на Влада, бидејќи не прифати и никогаш нема да дозволи државата да ги изгуби атрибутите на унитарна и мултиетничка држава.
СДСМ очигледно оваа Тиранска Платформа ја има прифатено штом молчи и не ја одбива во целост. Затоа СДСМ има потреба да бара од одредени политичари да бидат нивни портпароли, кои со своите изјави ќе ја релативизираат Тиранската Платформа и елементите во неа, кои ќе манипулираат и ќе ја лажат јавноста.
Граѓаните ја прочитаа оваа политика на СДСМ и затоа се загрижени и оправдано манифестираат силен револт. Впрочем тие се уверија дека аболицираниот криминалец Зоран Заев уште за време на изборите беше инспиратор на Тиранската Платформа, а сега заедно со своите послушници ја брани посилно и од самите потписници на Платформата во Тирана.
Затоа сметаме дека се потребни нови парламентарни избори, со цел граѓаните да не бидат пост изборно измамени од аболицираниот криминалец Заев. Изборите се најдобрата дебата која Зоран Заев може да ја направи за Тиранската Платформа и елементите содржани во неа. Доколку смета дека треба да се прифати и реализира ваква платформа, која задира во унитарниот карактер на државата, нека ја престави како своја изборна програма, па граѓаните јасно нека се произнесат што мислат за неа и за политичарите кои ја предлагаат.
Во спротивно револтот ќе расте и секој ден стотици илјади граѓани ќе го изразуваат својот гнев од сервилниот однос на криминалецот Заев.
Народот е на нозе! Македонија се буди!
Тиранската Платформа не поминува!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вајц: Северна Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски
-

Герасимовски: Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите
-

Муцунски: Над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати
-

Трамп: Не сум расист, освоив повеќе гласови од Црнците од кој било републиканец
-

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол осуден на доживотен затвор
-

Студено утро со минусни температури, попладне до 14 степени
-

АХВ потсетува на законската обврска: Кучињата мора да бидат микрочипирани
-

Николоски: Воведовме 23 нови авиолинии, имаме рекордна бројка на патници
