ВМРО-ДПМНЕ: Потребна десоросоизација на македонските медиуми
ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека е неопходен процес на десоросоизација на македонските медиуми, изнесувајќи тврдења дека „СДСМ/Сорос сакаат да ги заплашат и уништат медиумите врз кои немаат контрола“.
- СДСМ/Сорос дејствуваат со ултиматум кон медиумите: или ќе бидете со нас или ќе дадеме се од себе за да ве снема од мапата. СДСМ и Сорос активно се борат против секоја мисла различна од нивната. Затоа аболицираниот криминалец Зоран Заев за свои политички непријатели нарече неколку национални телевизии и весници, с евели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Соросовиот новинарски синдикат, стои во соопштението, призна дека Зоран Заев се шетал и ги злоупотребувал приватните разговори кои му биле дадени, а згора на тоа најавувал и заплашувал со нарачаните папки што ги имал за Катица Јанева.
- Ниту МВР под контрола на СДСМ ниту ЗНМ и ССНМ не реагираа со осуда на макар еден случај кога активисти на СДСМ/Сорос се закануваа по живот и напаѓаа новинари кои се неподобни според Заев. Ваков третман имаа Радио слободна Македонија, МТВ, Курир, Сител и низа други. Овој однос е срамен и под секое ниво. Токму затоа процесот на десоросоизација на македонските медиуми е и повеќе од неопходен, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг