ВМРО-ДПМНЕ: Попис без почитување на стадардите на ЕУ и според методологијата на Заев
Скопје, 18 јануари 2021
Пописот по стандарди и методологија на Заев е само една политичкопазарџиска операција
Намерата на власта да спроведе попис без почитување на европските стандарди и според методологија на Заев е гаранција дека тоа нема да биде статистичка туку политичко-пазарџиска операција. Затоа во скратена постапка, без претходна јасна методологија носат закон за попис кој нема општествен консензус.
Дополнително тоа што истиот попис е врзан со врзан потпис, говори дека се подготвува фалсификат од кој нема да има корист никој, а најмалку Македонија. Голем број земји во Европа ги одлагаат своите пописи поради епидемијата, а Заев насила турка попис за да може да ги прикрие своите однапред штелувани резултати.
Јавноста и ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставуваат на политичкиот пазар на Заев и доколку власта оди со носење на овој насилен закон, спротивен на европските стандарди за попис, ВМРО-ДПМНЕ ќе почне иницијатива на собирање
потписи во Министерството за правда и како резултат на таа иницијатива ќе достави предлог-закон во Собранието со кој што ќе се поништи законот за попис.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори
-
Променливо време со дожд и во наредните денови