ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на СДСМ ја уништија економијата
Владата предводена од СДСМ ја доведе економијата на Република Македонија пред целосен колапс. Заев и СДСМ се однесуваат расипнички со парите на граѓаните кои станаа жртва на погрешните политики на оваа неспособна власт.
Додека земјите од Европа, а особено од регионот бележат економски раст, СДСМ и Заев ја зацврстија македонската економија на европското дно со раст од 0%. Катастрофалните политики на СДСМ ја уништија економијата и поради тоа Македонија е закована на дното.
Сите економски индикатори се во слободен пад. Градежништвото во јануари оваа година споредено со јануари 2017 година бележи пад од неверојатни 48,6%. Капитални инвестиции нема, а власта на СДСМ не е неспособна ниту да ги заврши проектите кои ги започна ВМРО-ДПМНЕ.
Во услови кога граѓаните се повеќе осиромашуваат, власта ја дефокусира јавноста од лошите економски политики со монтирани обвиненија против патриоти и политички неистомисленици на кои единствен грев е тоа што си ја сакаат државата и не мислат исто како СДСМ и Заев.
СДСМ ги гази правото и демократијата во Република Македонија. Пратеници, режисери, актери, архитекти, полициски службеници и истакнати граѓани од јавниот живот се жртва на политичкиот прогон од страна на власта само затоа што кренаа глас против погрешните и антидржавни политики на Зоран Заев и СДСМ.
Правосудните органи наместо по диктат мора што побрзо да се ослободат од притисокот на власта и да почнат да ги почитуваат законите и Уставот на државата. Политичкиот прогон мора што побрзо да запре, а патриотите да бидат ослободени од неоснованите и монтирани обвиненија. Ова беззаконие мора да биде запрено, а владеењето на правото и демократијата повторно да се вратат во Република Македонија, стои во соопштението испратено од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај