ВМРО-ДПМНЕ: Политичка кариера на Заев е завршена, правдата ќе чукне и на неговата врата

Македонската економија тоне. Споредбено со лани директните странски инвестиции бележат пад од 164 проценти, односно 187 милиони евра помалку. Странските директни инвестиции во третиот квартал од 2019 година изнесуваат очајни 62 милиони евра.
Приватниот сектор е пред колапс, криминалната банда на власт која најави економска година го клекна стопанстовото на колена. Годинава стопанството ќе оствари рекордно мал приход што дополнително е удар врз државната каса која ќе има намалени приходи по основ на даноци. Бизнис заедницата потврди дека Заев лаже, дека Македонија не блеска, а годинава е една од најлошите за бизнис секторот во самостојна Република Македонија.
Заев не го интересира државата, не го интересира економијата, не го интересира обичниот граѓанин кој едвај го минува месецот. Аболицираниот криминалец го интересира само како да го задржи пратеничкиот имунитет за да не одговара за сите злодела врз македонската држава и народ.
Соочен со сигурен пораз на 12 aприл, аболицираниот Заев бега од предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерите кои имаат намера да ја водат владата да имаат статус на кандидат - мандатар, при што тој што ќе изгуби ќе си замине од политиката и нема да се крие зад пратеничкиот имунитет.
Неговата политичка кариера е завршена, а правдата ќе чукне и на неговата врата. Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на неодговорноста и неказнивоста на криминалната банда на чело со Заев. Граѓаните на 12 април ќе изберат да живеат во просперитетна и стабилна држава, а не во понижена и економски девасирана Македонија. На 12 април граѓаните ќе изберат обнова на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
