ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат единствено во главата на Заев
Платите растат единствено во главата на Заев.
Реалноста во Македонија е дека над 65 проценти од вработените работат за месечна плата помала од 25 илјади денари, огромен број граѓани ги изгубија своите работни места, претежно ниско платени и состојбата во економијата е навистина лоша.
Во Македонија постои фрапантна бројка на лица кои земаат далеку потпросечна плата од онаа што во јавноста се лиферува.
Македонија со СДСМ на власт е рекордер во регионот со падот на вработеноста во приватниот сектор и тоа го потврдува и Извештајот на Светска Банка за пролетните прогнози за земјите од Западен Балкан, каде што во државата е забележан пад од 12% наспроти регионалниот просек од 6%.
Македонија е држава со најмалку странски директни инвестиции во споредба со земјите од регионот. Албанија и Србија имаат 5 до 15 пати повеќе инвестиции од нас. Дополнително Македонија има пад на БДП од -1,9 %, а сите земји од регионот бележат раст на економијата.
Долгот надмина 7 милијарди евра, а само во време на власта на Заев е зголемен за 2,4 милијарди евра. Тоа значи дека Заев го задолжи секое семејство во просек по 4.800 евра, а патем не направи ништо, бидејќи и оваа година како и изминатите имаме катастрофално лоша реализација на капитални инвестиции. Затоа имаме состојба на 600 илјади граѓани што живеат во сиромаштија, 60 илјади нови невработени и 6.200 затворени компании за само една година.
Реалноста е дека овие четири години власт на Заев се четири украдени години за граѓаните. Успеа Заев само да ги подели граѓаните на мала елита на власта која енормно се богати и јаде од златни лажици, и огромно мнозинство кое едвај преживува.
Ново на Сител
-
САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран
-
Рама: Обединувањето со Европа е пат со две ленти, 100 отсто сум убеден дека во оваа деценија ќе станеме дел од ЕУ
-
Мицкоски ќе учествува на 20. Европски самит во Салцбург
-
Координатор на ОН за Блискиот Исток: Кошмарот во Газа се засилува
-
Маск ќе подарува по милион долари дневно до изборите на некој што ќе ја потпише неговата петиција
-
Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел
-
Израел го нападна штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут
-
Маж од скопско ја нападнал својата 19-годишна ќерка