ВМРО ДПМНЕ: Пари за субвенции има, грижата на СДС за земјоделците е лицемерна

Тиранската платформа за криминогеното раководство на СДС е поважна отколку судбината на земјоделците и иднината на Република Македонија, соопшти ВМРО ДПМНЕ реагирајќи на изјавата на Љупчо Николовски од СДСМ кој на прес-конференција рече дека земјоделците и нивните семејства се оставени без субвенции во време кога им се најпотребни за вложувања.
- Грижата на СДС кон земјоделците е лицемерна. Затоа криминалецот Заев ги испраќа своите послушници по којзнае кој пат да се обидат да ја изманипулираат јавноста. Тие се прочитани и одамна осудени и од земјоделците и од целиот народ. Земјоделците знаат дека единствено ВМРО ДПМНЕ се грижи за нив и подобрување на нивниот стандард. За разлика од СДС кој за време на нивното владеење имаше издвоено нула евра за субвенции, за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ како субвенции на земјоделците им се доделени преку една милијарда евра, пишува во соопштението-реакција на ВМРО ДПМНЕ.
Партијата наведува дека ќе стори се за, како што пишува во реакцијата, да ја надмине деструктивноста на СДС со што нивниот труд ќе биде соодветно валоризиран, односно ќе ги добијат заслужените субвенции.
- Пари во буџетот за субвенции има. Тие се програмирани и треба да бидат исплатени. Очигледно е дека СДС нема намера да се откаже од тиранската платформа и од политиката спротивна на највисоките државни и национални интереси. Како што не им успеа да ја протнат тиранската платформа во Собранието, така нема да им успее да ја блокираат државата, пишува ВМРО ДПМНЕ во соопштението со кое реагира на прес-конференцијата на Љупчо Николовски.
Ново на Сител
-

Под влијание на циклонска активност, од вечер врнежи од дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар
-

Тошковски: „Безбеден град“ го развиваме со единствена цел - зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на незгодите
-

Од денеска се ограничува слободата на движење на руските дипломати во Европската Унија
-

Ноем: Човекот кој беше застрелан во Минесота бил вклучен во насилни немири
-

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово
-

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8
-

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра | ФОТО
-

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“
