ВМРО – ДПМНЕ: Отказите на медицинските сестри се доказ дека здравствениот систем не функционира

Додека министерот за здравство, Венко Филипче ја убедува јавноста дека се е под контрола три сестри од Клиниката за инфективни болести си дадоа откази.
Клучната Клиника во борбата против КОВИД-19 останува без персонал, и тоа персонал кој е незаменлив.
Отказите на медицинските сестри се голем пораз за Филипче.
Отказите на медицинските сестри се доказ дека здравствениот систем не функционира онака како што убедува Филипче.
Отказите на медицинските сестри се доказ дека кажувањата на Филипче дека се е под контрола во борбата против корона вирусот се лага.
Лагите на Филипче дека Македонија добро се справува со борбата против корона вирусот излегуваат на виделина. Дека лаже Филипче му докажува медицинскиот персонал.
Отказите кои си ги поднесоа три сестри од клучната Клиника за борба против КОВИД – 19 или Клиниката за инфективни болести се пораз за Филипче.
Македонија и онака останува без медицински персонал. Секоја здравствена установа е десеткувана, без доволно медицински кадар.
Што треба да се случи за Филипче да се фати за работа, да ја извршува функцијата министер за здравство и да се грижи за здравствениот систем и како граѓаните да добијат навремени и соодветни услови за лекување, наместо да се грижи за парцели и градење куќи и згради.
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
