ВМРО-ДПМНЕ: Оливер Спасовски и МВР под негова команда се заштитници на криминалот
Оливер Спасовски и МВР под негова команда се заштитници на криминалот, затоа се случуваат и убиства кои остануваат нерасчистени, затоа се краде оружје од полициски депоа, затоа се дава оружје на безбедносно ризични лица.
Мафијата има заштитник во врвот на МВР.
Цела недела Спасовски молчи зошто на списокот "Безбеден град" од 49 лица, 47 се припадници на криминалните групи Дуќанџик, Грчец и Бундес, но на списокот нема ниту еден член на криминалната група Беланоца, Кондово, Барон, ниту еден од повратниците од Сирија и Ирак и други лице од безбедносен интерес.
Дали на списокот "Безбеден град" намерно се врши селекција кои криминални групи ќе бидат опфатени, а кои не? Дали одредени криминални групи се штитат од Спасовски? И дали борбата со криминалот е опструирана од МВР? Дали списокот е составен од Музафер Каришиќ, човек од доверба на Оливер Спасовски?
Дополнително дури и за лицата опфатени на оваа листа постои сомнение дека се привелигирани од Спасовски и МВР.
Спасовски должи одговори и како е можно МВР по скратена постапка да дава дозволи за оружје на лица од овој список? И дали е дадено дозвола за оружје на човек во првите пет од оваа листа?
Ново на Сител
-
Судот го одби барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето
-
Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
-
Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
-
Ериксен: Докажав дека сум фудбалер, а не човек кој преживеал срцев удар
-
Анчелоти: Нејмар е исклучително важен за нас, тој мора добро да се подготви за Светското првенство
-
Русија казнила 20.000 војници кои одбиле да се борат во Украина
-
Мицкоски: Треба да се провери дали има кривична одговорност за пописот
-
Од есен нова инвестиција од 36 милиони евра во индустриската зона Штип, вработувања за 150 лица