ВМРО-ДПМНЕ: Оливер Спасовски е најнеспособниот министер за внатрешни работи
СДСМ ја зацрни државата. Не поминува месец без вооружена престрелка на улиците на Скопје. На фреквентни локации вооружени банди се пресметуваат, инцидентите завршуваат најчесто со жртви, а жртва може да биде секој еден граѓанин – случаен минувач.
Оливер Спасовски не презема ништо во насока на одржување на јавниот ред и мир. Откако тој управува со МВР има десетици нерасчистени убиства, а убијците се шетаат слободно. Се пука по улиците, а истовремено неказнето завршуваат стотици грабежи и опожарувања на автомобили.
Наместо решавање на вистинските проблеми Спасовски се фокусираше на делење сомнителни милионски бизниси, лиценци за центрите за возачки испити на фирми формирани неколку дена пред да се распише огласот и целосна партизација на МВР.
Граѓаните сакаат ред и поредок, сакаат безбедност за нив и за нивните деца, родители, браќа и сестри и комшии.
Наместо тоа добија насилтво, тепање и политички прогон. Криминалот на луѓето од власта останува нечепнат, криминалци се пуштаат на слобода додека патриоти се затвораат. Незаконски се вршат претреси по домовите и се малтретираат луѓе кои протестираат.
Оливер Спасовски е најнеспособниот министер за внатрешни работи. ВМРО-ДПМНЕ бара оставка поради неговото црно владеење со министерството, прогонот, неказнетиот криминал и растечката корупција!
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани кои се против оваа однародена власт да се приклучат на протестниот марш денес во Прилеп со почеток 13 часот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност