ВМРО-ДПМНЕ: Одложувањето на изборите ќе значи нова криза, граѓаните на 12 април ќе стават крај на агонијата

Зоран Заев не смее да бега од избори. Одложувањето на изборите само ќе не втурне во политичка криза и економска апатија.
Македонија тоне на секое поле. Транспаренси Интернешнл ја прогласи Македонија под водство на Заев за најкорумпирана земја во Европа.
Поради партизацијата и криминалот на Заеви угледното списание „Економист“ Република Македонија ја оцени како хибриден режим, што претставува исклучително поразителна оценка за владеењето на правото и правната држава.
Со СДСМ на власт над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата додека секој трет во државата има проблем да обезбеди основна егзистенција.
Со Зоран Заев на чело на државата Македонија е земја со трета по ред највисока младинска невработеност во светот.
Со Заев и СДСМ Македонија само тоне. Потребни се промени. Потребна е обнова. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за распуштање на Собранието. Избори на 12 април, за брзо надминување на проблемите и последиците од штетното владеење на СДСМ.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
