ВМРО-ДПМНЕ: Од покачувањето на акцизата директна штета за граѓаните од 50 милиони евра

Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60 проценти од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил, ова е став на СДСМ, поради кој не го прифаќаат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на акцизата на дизелот, со цел намалување на цената на дизелот.
Картелот на власт на чело со Зоран Заев работи директно на штета на граѓаните. Покачувањето на акцизата може не влијае врз функционерите на СДСМ, но исклучително оптоварувачки влијае врз Буџетот на граѓаните.
Околу 50 милиони евра годишно е директната штета за граѓаните, земјоделците и стопанството од покачувањето на акцизата на дизелот. Индиректната штета, која резултира со покачување на цените на сите продукти и услуги е уште поголема.
Граѓаните живеат полошо од пред една година. Цените растат, а стандардот на граѓаните паѓа. Просечната платата во февруари е за околу 900 денари пониска од платата во јануари. Во исто време цените на мало растат, а трошоците за живот се се поголеми.
Државата оди кон банкрот. Јавниот долг на државата ја надмина психолошката граница од 5 милијарди евра. Државата се задолжува по неколку пати во месецот, а граѓаните не знаат за што и како се трошат нивните пари.
Хаосот мора да запре. Република Македонија мора да се врати на вистинскиот пат. Република Македонија заслужува просперитетна иднина, која ќе гарантира силна економија и институции кои ќе бидат сервис на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите обесправени, сите оние разочарани и излажани од Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, на голем антивладин собир на 02 јуни во 20 часот пред зградата на Владата на Република Македонија.
Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
