ВМРО-ДПМНЕ: Очаен обид на СДСМ за дефокусирање од тиранската платформа
ВМРО-ДПМНЕ смета дека тврдењата на Петар Атанасов од СДСМ за повици од директори кон ученици за учество на протести под директива на ВМРО-ДПМНЕ, се очаен обид да се дефокусира темата од тиранската платформа.
- СДСМ и Петар Атанасов очајно се обидуваат да ја манипулираат јавноста. Тие се обидуваат да ја дефокусираат темата од тиранската платформа, која по се изгледа ја имаат прифатено топтан во сите нејзини точки и елементи. Како поинаку да се толкува молкот кој доаѓа од СДСМ и од Зоран Заев.Токму затоа граѓаните се револтирани и тој револт станува се погласен и погласен, се вели во реакцијата.
За иронијата да биде поголема, додава ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ коментира работа на директори на училишта, а во општината предводена од СДСМ директор на гимназијата се снима гол и снимките ги лиферува по интернет. - Со какво лице зборува Петар Атанасов за професионализам, кога нивниот кадар во кумановската гимназија преку интернет снимките ги испраќал до непознати лица. Човек кој треба да образува и воспитува деца, недозволиво е вака да се однесува. Ова е вистински скандал за кој СДСМ не сака да се дознае во јавноста, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата