ВМРО - ДПМНЕ: Обвинетиот Зоран Заев почна да ја глуми Катица Јанева
ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната изјава на лидерот на СДСМ оценува дека тој го нападнал судот со истите аргументи со кои претходно тоа го сторила специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
- Заедничко за двете изјави е тоа што и обвинетиот Зоран Заев и Катица Јанева сметаат дека се над судот, над законите и Уставот на Република Македонија и дека тие се факторите кои треба да му наложат на судот како треба да работи. Обвинетиот Зоран Заев денеска отиде дотаму што почна да ја глуми Катица Јанева, да кажува кој бил сведок во постапката и кога бил повикан, како и да ја лаже јавноста за причините за постојаното одложување на судењето за Пуч, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека Заев одбивал да се појави на закажаните рочишта за случајот „Пуч“ и за поткупот за 100.000 евра.
- Ваквата симбиоза меѓу обвинетиот Зоран Заев и Катица Јанева не е нова. Јавноста се уште го памети скандалот кога Катица Јанева без увид во предметот и документацијата одлучи дека нема потреба од притвор за обвинетиот Зоран Верушевски, а потоа обвинетата Соња Верушевска за ваквата одлука на Катица Јанева јавно му се заблагодаруваше на Зоран Заев за ослободувањето од притвор на нејзиниот сопруг, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски-Орбан и заедничка владина седница во Охрид
-
УЈП најави строги контроли на претстојните „Денови на кочанскиот ориз“
-
Денеска е Светскиот ден на туризмот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе ќари ли Бугарија поени откако падна одлука Тирана и Скопје одделно да чекорат до ЕУ?
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер и специјалист за безбедност во сообраќај
-
Орбан пристигна во Охрид
-
Општините да внимаваат како ќе ги трошат парите од унгарскиот заем