Македонија
26. September 2024 - 21:17

Ќе ќари ли Бугарија поени откако падна одлука Тирана и Скопје одделно да чекорат до ЕУ?

На Бугарија и годи фактот дека Тирана и Скопје поединечно ќе го чекорат патот до Европската Унија. Политичките елити кај нашиот источен сосед одлучија да ја искористат ситуацијата за оваа одлука на европските челници, порачувајќи и на Македонија да си ги сноси последиците од досегашното однесување. 

Аналитичарите нотираат дека со оваа состојба Бугарија ќари политични поени, ама само на домашната сцена.

Анкетите покажуваат дека кај Бугарите владее скептицизам дека и по изборите на 27. Октомври, ќе се формира нова Влада. Експертите не очекуваат да има отстапување на нивните барања за вметнување на Бугарите во Македонскиот устав, дури и да се формира стабилна влада.

Експертите предвидуваат дека доколку навремено не ги исполните барањата за Уставни измени, има ризик да бидеме во друштво на Косово и Србија,  а со тоа би пропаднала и визијата Македонија во ЕУ до 2030.