ВМРО-ДПМНЕ: Ништо од ветувањата за сигурен пласман и високи откупни цени во земјоделството
Зоран Заев и СДСМ се вистинска катастрофа за земјоделието. Ништо од ветувањата за сигурен пласман и високи откупни цени дадени за време на изборите во 2016 година.
Земјоделците веќе две години по ред си го фрлаат произведеното на буниште, затоа што нема никаков откуп.
Производителите на слива во Радовишко, Пијанечко и Малешевско го фрлаа својот род на буниште, затоа што килограм слива се продаваше по цена од катастрофално ниски 2 денари.
Јаболкарите во Ресен корнат и сечат десетгодишни јаболкници затоа што 100 килограми јаболка им го откупуваат по цена од само 50 денари.
Производителите на бостан, патлиџан, зелка и пиперка во струмичкиот регион го фрлаат родот во каналите. Затоа што извоз немаше.
Оризопроизводителите во кочанско немаат откуп, а оризот им скапува во амбарите.
Нема подрачје во државата каде земјоделците не се погодени. Заев ветуваше сигурен откуп, велеше дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да плати. Сега не само што никој не се тепа да плати повеќе, туку откуп воопшто и нема.
Земјоделието во изминативе години е ставено на страна. Селата низ државата забрзано се празнат, а се повеќе ниви остануваат необработени.
Потребна е метла која ќе го измете Заев и неговите кадровски решенија низ институциите. Потребна е промена на власта.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи
-
РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот