ВМРО-ДПМНЕ: Не постојат инвестиции во културата

- СДСМ повторно безочно лаже.СДСМ три години се на власт и освен скандалозните програми, скандалозната Национална стратегија, скандалозниот Предлог-закон продолжуваат и понатаму да лутаат во лавиринтот на безидејноста.
Ги советуваме гласноговорниците од СДСМ добро да си ги проверат изнесените невистини бидејќи во нивниот Предлог – закон за култура делегираниот буџет не постои, а повеќе-годишно финансирање е сосема паушално наведено без никакви механизми за имплементација.
Исто така, инвестиции во културата не постојат, нешто по кое ќе остане препознатлива оваа Влада на СДСМ која во својот мандат нема заковано ниту една шајка во институциите од областа на културата.
Културните работници знаат да препознаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија во која културата секогаш била врвен приоритет.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди Програма за враќање на дигнитетот на македонската култура и унапредување на нејзиниот развој во сите сегменти, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Реакција на ВМРО_ДПМНЕ за изјавата на Богданка Кузеска
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
