ВМРО-ДПМНЕ: Не бараме амнестија, туку истрага за криминалот, полнењето кутии и останатите нерегуларности на референдумот
Вчера видовме по којзнае кој пат како под владеење на Заев изгледа амнестија на криминалот. Недостасува уште судот да му се извини на градоначалникот Боро Малборо што морале да го истражуваат шверцот на цигари, исто како што му се извинија на Зоран Заев што воопшто помислиле да го гонат за барањето поткуп што го виде целата јавност.
Залудно СДСМ лаже и се правда. ВМРО ДПМНЕ не бара амнестија, туку бара да се истражи криминалот, полнењето кутии и останатите нерегуларности на референдумот.
Пораката од граѓаните е јасна, Договорот од Преспа е капитулантски, штетен и спротивен на националните и државни интереси. Референдумскиот неуспех на политиките на Зоран Заев е црвен картон за Зоран Заев и погубните капитулантски политики со кои ќе се соочи на фер и демократски избори!
Единствена амнестија за која СДСМ може да зборува се амнестиите и помилувањата за Зоран Заев за „Глобал“, за „Пуч“ и за „Поткуп“, каде на очиглед на сите граѓани Заев бара пари од бизнисмени.
Зоран Заев одобрува, поттикнува и нуди поткуп за изборни цели среде референдумска кампања, дело што е криминал според Кривичниот Законик член 160 за што следи затворска казна од најмалку 3 години, а Републичкиот Јавен Обвинител молчи.
Референдумскиот ден е полн со кривични дела против изборите, со полнења на кутии, со кршење на молкот, кол - центри од власта од каде со лажно претставување се присилува и нарушува избирачкото право на граѓаните, и за тоа има докази, а Републичкиот Јавен Обвинител никаде го нема.
Зоран Заев и криминалниот клан од СДСМ продолжуваат да ја силуваат демократијата, да го кршат Уставот, да ги кршат законите, да го погазат собранискиот деловник, се со една јасна цел - да ја изиграат јасно изразената волја на граѓаните за да ја избегнат правдата за злоделата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Tешко повреден мотоциклист откако се судрил со автобус
-
Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут
-
Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец
-
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино