ВМРО-ДПМНЕ: Насилието во Арачиново е последица на штитењето на криминалот од страна на МВР
Насилието во Арачиново е последица на штитењето на криминалот од страна на МВР, одговорност ќе има и за криминалците и за тие кои ги штитат.
Оливер Спасовски го урниса дигнитетот на полицијата и ги понижи сите вработени. Ставајќи се во служба на мафијата Спасовски и луѓето околу го штитат криминалот наместо да го санкционираат.
ВМРО-ДПМНЕ ги знае насилниците од Арачиново, знае кои се, што прават, и каде се движат. За сите нив ќе има одговорност по промената на власта, а одговорност ќе има и за нивните заштитници во МВР.
Народот заслужува правна држава, каде функционираат законите, а не мафијашка држава, каде е главна мафијата.
Нарушениот безбедносен систем е уште една причина зошто треба да има предвремени парламентарни избори. Спасовски и СДС се во сојуз со мафијата, тие се нивни слуги, и не може да има ред додека е СДС на власт.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер