ВМРО-ДПМНЕ: Наместо омилен лидер на работниците, Димовски е омилен човек на Ковачевски

Омилениот синдикалец на власта Дарко Димовски продолжува да биде омилен човек на Ковачевски, наместо да биде омилен лидер на работниците како нивен заштитник.
Дарко Димовски со оглед на тоа што се пронајде во изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, добро е да објасни на целата јавност и пред се членовите на ССМ зошто ја троши својата енергија во политичка расправија со ВМРО-ДПМНЕ, наместо тоа да го прави со власта на СДСМ.
Дарко Димовски да ја трошеше енергијата за подобрување на работничките права и не беше омилен синдикалец на владата ќе беше во првите редови кога ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за зголемување на платите, и пензиите, кога се бори против најрасипничкиот буџет на власта, кога работниците се осиромашуваат со криминал и корупција, кога власта ги штити олигарсите наместо работниците. Тој не кажа ниту збор затоа што е одличен спаринг партнер на власта за која нема зима се додека на чело на синдикалното движење се луѓе како Дарко Димовски. Но и многу брзо ќе дојде зимата на Димовски по смена на власта кога институциите ќе се позанимаваат на каков начин е узурпирана позицијата прв човек на ССМ и на каков начин е штитена удобната позиција додека работничките права се газени.
И еве еден предлог до омилениот синдикалец кој има шанса да престане да се додворува на власта: нека напише предлог амандман со кој ќе се направи ребаланс и предвидат повеќе пари за повисоки плати, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе го поднесат и поддржат.
Ново на Сител
-

Катар евакуира делови од Доха
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
-

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Најмалку 77 бродови поминале низ Ормускиот Теснец од почетокот на воените дејствија во регионот
