ВМРО-ДПМНЕ: Наместо итни мерки за почист воздух, СДСМ донесоа црнила за граѓаните

Република Македонија е најзагадена земја во Европа, а граѓаните со своите животи ја плаќаат цената на неспособноста и незаинтересираноста на СДСМ да се справи со аерозагадувањето.
Еуроњуз објави дека според податоците на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), Македонија официјално е најзагадената земја во Европа со загадување десет пати повеќе од препорачаните нивоа.
Додека Заев и СДСМ постојано манипулираат и се расфрлуваат со лажни ветувања за справување со загадениот воздух, илјадници граѓани ги губат своите животи како директна последица на загадувањето. Болниците веќе се преполни со пациенти со респираторни проблеми, а постарите и хронично заболените, но и дечињата најмногу ги чувствуваат ефектите од загадувањето.
СДСМ ветуваше итни мерки за почист воздух, но веќе две години ништо немаат превземено за подобрување на ситуацијата. Откако поминаа две години без да мрднат со прст, повторно излегоа со нова лага дека следните две години половично ќе го решеле проблемот. Тоа се 4 изгубени години за граѓаните на Република Македонија и уште 4 години каде илјадници граѓани ќе бидат завиени во црно заради губењето на своите најблиски од загадениот воздух.
Наместо итни мерки за почист воздух, донесоа црнила за граѓаните, а Македонија и градовите ги сместија во врвот на најзагадените во Светот.
Власта која ветуваше дека веднаш ќе донесе чист воздух сега во најобемниот буџет во историјата на државата издвојува минимални средства за справување со аерозагаувањето. Повеќе пари се издвојуваат за луксузирање на владините претставници отколку на борба за справување со загадениот воздух.
На СДСМ поважен им е личниот луксуз заедно со криминалните тендери и грантови, отколку здравјето и животите на граѓаните на Република Македонија, а особено животите на децата кои ја преполнија Детската клиника за белодробни заболувања.
Граѓаните не заслужуваат ваква власт која секојдневно ги завива во црно. Зоран Заев и СДСМ покажаа дека не се грижат за граѓаните и немаат намера да го решат проблемот со загаденоста. Затоа колку побрзо си заминат толку подобро за Македонија и македонските граѓани.
Сите кои сакаат да го кренат својот глас против неспособноста на СДСМ да се справи со загадувањето, сите кои сакаат да го кренат својот глас против распрофавањето на државните и мационални интереси... против масовниот грабеж
и криминалот, добредојдени се да ни се придружат.
Ново на Сител
-

Пронајден и приведен сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
