ВМРО-ДПМНЕ: Над 500.000 граѓани не мислат дека економијата блеска
Над 500.000 граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата не мислат како Заев дека економијата блеска.
18.500 македонски државјани кои лани заминале за Германија, од кои приближно 8.000 не се вратиле не мислат исто како Заев дека економијата блеска.
Тие сфаќаат дека дојде живот и дека економијата блеска само за Зоран Заев , Вице Заев, Кочо Анѓушев и разно разни Мири Дизели.
Веќе втор месец по ред, градежништвото во Република Македонија забележува двоцифрени стапки на пад, поточно пад од 10% во април и дополнителни 20% во мај.
Даночните приходи во вториот квартал од 2019 година номинално забележале просечен пад од 3,4%. Најголем е падот кај Данокот на добивка. Фирмите во Република Македонија уплатиле за 32% помалку данок на добивка во вториот квартал од 2019 година во однос на истиот квартал од претходната година, а во услови на проектиран раст од 3,5% кај приходите од овој данок за цела 2019 година.
Граѓаните трпат и од покачената акциза и високите цени на горивата.
Фирмите плаќаaт прогресивни даноци, а капиталните инвестиции се дно.
Тоа значи дека државата парите не ги троши за нови училишта, болници, патишта или било што значи додадена вредност за граѓаните туку за кожни фотелји и разни луксузи.
Парите се трошат на рекети и наместени тендери. Тоа е вистината што ја гледаат сите деновиве. Токму затоа Зоран Заев наместо да ги манипулира граѓаните треба да си поднесе оставка и да се распишат итни предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
-

Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
-

Четири нови случаи со западнонилска треска во Скопје - бројката на инфицирани достигна 42-ца
-

Пожарот во Мариово се уште критичен, активни се уште 7
-

ДУИ бара предвремени избори
-

Амбасадорскиот совет: ЕУ интеграција, заштита на националните интереси и економска дипломатија
-

И годинава ќе има „училишна кошничка“: Владата ќе го спречува поскапувањето на школскиот прибор

