ВМРО-ДПМНЕ: Началникот кој земал мито е штитен од врвот на МВР
Началникот миленик на Заев и Спасовски фатен како зема мито, е пример како работи цела влада.
Ељхам Шкрета, началникот кој беше уснимен како бара и зема мито од 120 евра на граница, е истиот тој кој се закануваше на социјалните медиуми, во одбрана на Заев и Спасовски.
Шкрета беше заштитник на Заев и Спасовски на социјалните мрежи. Дали тоа се должело на неговите нелегални активности и криминал кој го правел?
Потребен беше странски медиум да открие криминал во МВР, наместо внатрешната контрола. Ова говори дека Шкрета е штитен од врвот на МВР.
Случајот со Шкрета е само еден пример како функционира оваа власт која е во срж корумпирана.
На луѓе им се бара мито и се прави криминал од граница до генерален секретаријат на влада. Системот на СДСМ е трул, и го гризе општеството.
Ново на Сител
-
Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски
-
Кумановец ја силувал својата малолетна ќерка
-
Мицкоски: Расте бројот на странски туристи во вториот квартал
-
УНИЦЕФ: Младите ќе ја водат локалната акција и ќе влијаат на глобалните климатски одлуки
-
Се урна авион на Ер Индија со повеќе од 240 патници
-
Мицкоски: Со новиот закон ќе се намали бројот на автомат-клубови за игри на среќа
-
ИЈЗ за Денот против злоупотреба на детскиот труд: Детството не смее да биде жртвувано за профит, сиромаштија или негрижа
-
Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран