ВМРО – ДПМНЕ: На граѓаните им се потребни промени

Да имаше Зоран Заев барем малку образ, наместо да се фали, ќе се срамеше од покачувањето на пeнзиите за цели 36 денари и платите во образованието за 5 проценти. Искрадоа и изрекетираа милиони евра, а нарот го лажат со трошки.
СДСМ и Зоран Заев продолжуваат да ги манипулираат вработените во образованието.
Празните соопштенија дека платите на вработените во образованието растат е само една обична популистичка мерка која има за цел да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми на граѓаните, од криминалните тендер, поткупи и рекети кои ги врши оваа криминална влада и аболицираниот Зоран Заев.
Најавеното покачување од 5 проценти на платите предизвикува само револт и е под просекот ако се земе во предвид дека во образовните институции нема никакви услови за работа.
СДСМ ветуваше дека доколку дојдат на власт нема да дозволат ниту еден наставник во државата да зема плата пониска од просечната. За се што ветија за се излажаа а тоа најдобро го чувствуваат граѓаните на своја кожа.
Затоа потребно е заминување час поскоро на СДСМ и Зоран Заев. На Македонија и граѓаните им се потребни промени, а тоа е можно само доколку има предвремени парламентарни избори и враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
