ВМРО-ДПМНЕ: МВР е тотално парализирано во борба против криминалот

Нарко бандите гледаат сојузник во Оливер Спасовски и неспособното раководство на МВР.
МВР е тотално парализирано во борба против криминалот заради партизацијата и корумпираноста на Оливер Спасовски и неговите соработници.
Реализираната акција е тотално фијаско!
Акцијата или е пробиена од корумпираните кадри на Спасовски или истите намерно доставувале лажни информации за да ги заштитат крупните дилери и нарко банди.
Нема друг начин да се протолкува фактот што Спасовски ангажираше преку илјада полицајци на ниво на држава за да биде запленето симболично количество на марихуана, помалку од тоа што може да се најде секоја вечер во диско клуб.
Затоа МВР денеска се обиде да сокрие колку точно наркотици се запленети, дефокусирајќи со скромните заплене од изминативе два месеци.
Затоа МВР денеска се обиде да сокрие дали имало приведени и притворени и доколку немало, зошто немало.
Улиците се преплавени со наркотици, а наркобандите владеат со градовите заради заштитата од Спасовски. Главните дилери се на слобода, а полицијата им ги има препуштено улиците за тие да ја делат правдата меѓу себе.
Поразителен е ефектот од работењето на Оливер Спасовски. Време е неспособниот и корумпиран министер да си даде оставка и целосно да се посвети на приватните бизниси и на сечењето пастрмајлии.
Ново на Сител
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
-

Дали Безбеден град ќе го промени однесувањето на возачите и пешаците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
