ВМРО-ДПМНЕ: ММФ проектира раст од 3,2 проценти, што е повисоко и од владината проекција
Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка јасно истакнаа дека Македонија е стабилна и покрај кризата која ја предизвика СДСМ проектираа за Македонија раст од 3,2 проценти, што е повисоко и од владината проекција, а е меѓу највисоките во регионот, се наведува во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ на тема економија.
- Доколку ММФ и Светска банка немаа доверба во владините политики немаше да поддржат проекти од над милијарда и пол евра, плус да зборуваат за нови проекти. Македонската економија е силна и во најтешки времиња стапката на невработеност е намалена на најниски 23,1 проценти додека во време на СДСМ се искачи на највисоки 38 отсто. Стапката на раст е дури и висока за политичкава ситуација, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ, веќе не знае како да го оправда прифаќањето на срамната тиранска платформа, па мора со лаги во своите соопштенија да ја манипулира јавноста.
- Тоа нема да им помине, бидејќи фактите ги демантираат. Народот веќе ги прочита манипулациите на СДСМ и тие не им поминуваат во јавноста. Затоа народот е на нозе. Затоа Македонија се буди, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Владина делегација положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, во чест на 9 Мај
-
Српските медиуми за изборните резултати и победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова
-
Мицкоски: Одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии
-
Атина очекува да ги чуе позициите на новата Влада во Скопје, а потоа ќе коментира
-
Митрески го чека извештајот од ДИК и ќе закаже седница за инаугурација на Сиљановска Давкова во недела во 12 часот
-
Мазутот поевтинува, цената на бензините и дизелот не се менува
-
Вкупно 538 случаи на голема кашлица до 2 мај, регистрирани првите од Крушево
-
Белгиските и холандските медиуми за изборите: Гласачите изразија незадоволство од бавните преговори за членство со ЕУ