ВМРО-ДПМНЕ: Младите се иселуваат, а Македонија е осма во светот по одлив на талентирани кадри заради неспособната власт
СДСМ откако дојде на власт масовно ги исели младите од Република Македонија.
Заев не ги донесе ветуваните инвестиции, новите работни места. Заев успеа за 3 години да го уништи образовниот, спортскиот и културниот систем во државата.
Младинската невработеност е највисока во Европа, додека долгорочната невработеност кај младите луѓе изнесува преку 80% во одредени региони од државата.
Зоран Заев и неговите функционери од СДСМ се што ветија на младите не исполнија.
Владата на СДСМ три години не може да ја заврши ветената реконструкција на Студентскиот Дом „Гоце Делчев“, која што беше започната од времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДСМ вети студентски град, но се уште нема трага од него.
Младинската гаранција ја нема што ја ветуваа пред избори.
Младите на 12-ти април ќе порачаат Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во Скопје
-
Студено утро, преку ден сончево
-
Ќе се гради патот Букојчани - Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга
-
Голем земјотрес регистриран во Карипско Море издадено предупредување за цунами
-
Парламентарни избори во Косово
-
Трамп телефонски разговарал со Путин
-
Николоски: Поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого