ВМРО-ДПМНЕ: Младите бегаат поради ниските плати, лошата економска ситуација и непотизмот
Држава во која претседателот отворено кажува дека доколку не е на функцијата претседател би се отселил од државата е во голема стагнација. Македонија со Зоран Заев е во погрешен правец, а најголем доказ за тоа е искрената изјава на Стево Пендаровски.
Стево Пендаровски е првиот човек на државата и тој како претседател ги има сите информации, политички, правни, економски и безбедносни. Пендаровски знае дека Македонија со Заев на чело не може да се помести од мртва точка.
Криминалот, корупцијата и рекетот се тие кои ги демотивираат младите и ги тераа да се отселат. Ниските плати, лошата економска ситуација и непотизмот е главната причина зошто младите бегаат.
Зоран Заев три години не направи ништо да ги задржи младите, а ветуваше дека ќе ги врати иселените.
Зоран Заев потроши 3 години од животот на граѓаните на криминал, корупција и рекет. Зоран Заев потроши 3 години од животот на граѓаните за богатење на неговата фамилија и фирмите блиски до фамилијата.
И Стево Пендаровски знае дека вака веќе не може. За тоа потребни се промени. По 12 април следува обнова на Македонија и нова надеж за младите, со конкретни мерки и конкретни проекти.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР
-
Приведен екс директорот на СОЗР - се вршат претреси во неговиот дом
-
МЗ: На Клиниката за ортопедија кај 12-годишно дете извршена трансплантација со коска од донор
-
Рубио го поддржува планот на Трамп САД да ја преземат контролата над Газа
-
Вучевиќ: Мојата оставка е „незапирлив процес“
-
„Ајфон 15“ најпродаван телефон за 2024 година
-
Приведен 58-годишник од Делчево за предизвикување пожар
-
„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје