ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за финансии ќе се задолжи со нови 13 милиони евра
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека во вторник Министерството за финансии на аукција на државни записи ќе се задолжи со нови 13 милиони евра.
- Досега од доаѓањето на власт владата на СДС се задолжи за околу 60 милиони евра, а сега со дополнително задолжување износот ќе дојде до 73 милиони евра. Додека беше опозиција СДС аукциите на државните хартии од вредност ги нарекуваа криминал. Сега кога се сместија во фотелји заедно со новинарите кои станаа портпароли по министерствата секој втор вторник распишуваат нова милионска аукција, а коментар по ова прашање од истите тие луѓе јавноста не видела, истакна на прес-конференција Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.
Целосно е неприфатливо, како што рече, партизирањето и вдомувањето во државни институции на сите учесници во платеничката револуција на СДСМ и СОРОС на товар на граѓаните.
- Од новото задолжување само 290 илјади евра ќе се искористат за враќање на доспеани долгови, што значи повеќе од 12 милиони и 700 илјади евра ќе бидат нов долг на граѓаните на Република Македонија. Тоа ја покажува во целост неодговорноста на СДС, нивната неспособност и нивното лицемерие, нагласи Кузмановска.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата