Македонија
1. April 2021 - 9:16

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките, јасни протоколи, план и стратегија се неопходни веднаш, затоа што болниците се преполни

Венко Филипче и Зоран Заев заради хир и неспособност ја претворија Македонија во црна КОВИД дупка во Европа. Последни сме по вакцинација, а во врвот по смртноста во светот. И во таква ситуација тие со глава во ѕид водеа внатрепартиски избори, планираа попис и не воведуваа соодветни мерки за заштита на здравјето и животот на граѓаните.

Скандалот да биде поголем меѓу преписки на социјални мрежи и возење со мотори Филипче им порачува на граѓаните дека нови мерки нема да има, затоа што вирусот е веќе проширен! Мерките, пропратени со јасни протоколи, план и стратегија се неопходни веднаш, затоа што болниците се преполни, илјадници дневно заболуваат, а по 30-тина умираат.

Здравствените власти треба да престанат да одат по умот на Заев и да ја остават политиката на страна, за конечно да почнат со ефективна заштита на граѓаните.

Одговорност за неспособноста, криминалите и политикантсвото на власта мора да има.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ