ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија е пред колапс

Македонската економија е пред колапс. Во услови на светска економска криза македонските граѓани се оставени на милост и немилост.
Над 500 илјади граѓани во Република Македонија живеат во сиромаштија со по еден оброк во денот, а како резултат на економската состојба тие не се сигурни дека ќе го имаат и тој единствен оброк.
Првичните анкети велат дека над 100 илјади граѓани добиле привремен отказ, бројка која ја потсетува македонската јавност на сцените од криминалната транзиција.
Се повторуваат и актерите. СДСМ е на власт, а партијата и натаму работи на задоволување на апетите на олигарсите кои своето богатство го стекнаа во овие мрачни времиња.
Ниту една држава во светот не ги зголемува давачките на граѓаните, освен Македонија. Владата наместо да им помага им одмага на граѓаните. СДСМ повторно удри по џебот на граѓаните со зголемување на акцизата за горивата. Додека во светот Владите делат парична помош на секој граѓанин поединечно, Владата во Македонија гледа што повеќе да приграби од сопствениот народ.
Граѓаните гледаат кој работи во нивен интерес, а кој не. Свесни се дека се задоволуваат апетите на мала група олигарси и ваквото однесување на СДСМ ќе биде казнето.
Ново на Сител
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
-

На ГП „Блато" приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
-

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
-

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
-

Мурињо се согласи на двегодишен договор со Реал, услов е Перез да биде реизбран
