ВМРО-ДПМНЕ: Македонија поради Заев и Филипче руши ковид рекорди

На Заев и Филипче не им е важно здравјето на граѓаните, туку корона изборите во Штип и Пласница. За нив е поважно да туркаат на сила избори и да го загрозат здравјето на граѓаните од тоа да им помогнат.
Неспособноста на Заев и Филипче закопа уште 21 лице од корона за едно деноноќие според статистиката на министерството за здравство.
Бројката на вкупно заразени надмина 50 илјади лица, а бројката на починати е скоро 1.400. Активни случаи се речи 20 илјади, или десет пати повеќе од проценката на Филипче. Тој велеше ќе има околу две илјади заразени.
Погрешни проценки, задоцнети и несоодветни мерки. Македонија поради Филипче и Заев руши црни рекорди.
Дали Заев и Филипче сеуште гарантираат дека има услови за избори во Штип и Пласница?
Наместо Филипче да се обидува да го прикрие смртниот случај во Штип на пациент кој молел за кислород а не го добил и да го штити сопартиец и директоро на болница и тогаш дежурен на смена Ален Георгијев да се засрами ибда си поднесе оставка.
Оставката на Филипче не е само морален чин туку и нужен. Оставката на Филипче ќе з ачи спас на други човечки животи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
