Македонија
14. July 2018 - 18:43

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не слави, туку Заев jа слави капитулацијата и тоталната продажба на името, идентитетот, јазикот и Уставот на нацијата

Македонија не слави, туку Зоран Заев слави. Ја слави капитулацијата и тоталната продажба на името, идентитетот, јазикот и Уставот на нацијата. Тоа што Зоран Заев го претставува сега како успех, граѓаните го добија пред 10 години. Република Македонија ги има исполнето сите предуслови за влез во НАТО уште во 2008 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев троши пари на граѓаните на еднодневна журка, за која нема ниту повод ниту причина. Овој настан ќе остане запаметен во историјата на државата како прослава за промената на името. Додека Заев ниже порази и понижувања за Република Македонија на меѓународен план, државата се распаѓа одвнатре поради неспособноста на СДСМ, стои во реакцијата и се додава:

„Економијата тоне, здравството колабира, земјоделието е уништено, образованието разрушено, младите немаат перспектива. СДСМ се што вети излажа и донесе само порази на Република Македонија. Оваа безидејност не смее да продолжи. Македонија мора да оди напред – со СДСМ тоа не е можно“.