ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е заробена држава
Република Македонија е заробена држава. Институциите не се во служба на граѓаните, туку на владејачката структура. Демократијата е суспендирана, а правото девалвирано.
Државата тоне на индексот на корупција на Транспаренси. Правосудството се претвори во испостава на СДСМ. Одлуките не се носат по закон, туку по партиски диктат.
Правната несигурност и корупцијата донесоа економска стагнација. Република Македонија стагнира во услови кога земјите од регионот и Европа имаат раст. Економијата минатата година остана забетонирана на нула. Нема раст, нема подобар живот. Секој ден со СДСМ на власт е се полош и полош.
СДСМ ги задолжи државата и граѓаните за 1.6 милијарди евра за 10 месеци. Нула инвестиции. Покачување на давачките. Ова ја зголеми несигурноста кај граѓаните. Општеството е во апатија. Граѓаните не се чувствуваат сигурно.
СДСМ катастрофално ја води државата. Свесни за бездната кон која ја туркаат Република Македонија, а слепо водени од желбата за власт се злоупотребуваат институциите, законите се само мртво слово на хартија, а судството нем извршител на наредбите од партиската врхушка.
Десетици лекари, полицајци, уметници и истакнати граѓани со месеци неосновано се малтретираат низ затвори и судови само затоа што не постапувале согласно антидржавните политики на Заев.
Десетиците политички жртви се средство за дефокус на власта од катастрофално лошите политики. Економската стагнација и општествената апатија.
Правосудните органи паднаа на тестот за независност. Цела Европа и целиот демократски свет видоа дека во Република Македонија нема независно и непристрасно судство, туку судство под контрола на власта.
Дејствијата на правосудните органи во врска со настаните од 27-ми април се темна страница на македонското правосудство. Овие дејствија ќе бидат проучувани низ светот како начин на политичка конструкција на судски процес и ќе бидат срам за цела една генерација Македонци.
Овој терор мора да запре. Државата мора да стави крај на незаконието. СДСМ не може да обезбеди праведност. СДСМ е креатор на неправедноста. Граѓаните заслужуваат правна држава, со цврсти принципи. Граѓаните заслужуваат подобро.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор