ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е заробена држава од хунтата, денеска протест пред затворот во Шуто Оризари во 18 часот
Македонија е заробена држава благодарение на хунтата и единствена држава во демократска Европа каде во 21 век сеуште се апсат луѓе поради изразени политички ставови, се вели во денешното сооштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека Македонија е единствена држава која се стреми да се интегрира во евро-атланскте институции со политички затвореници во своите затвори.
-Судот без никаква причина во притвор смести уметници, актери, режисери, лекари, пратеници, полицајци и вистински професионалци во својата дејност луѓе, кои ја бранеле честа и боите на Македонија во полето каде се најуспешни. Овие луѓе се во притвор само поради различните политички ставови со еден човек, Зоран Заев. Судовите и државните институции се целосно заробени и работат по диктат на хунтата која го погазува Уставот и го користи судството и институциите за влевање на страв на сите патриоти кои си ја сакаат сопствената држава. Партиското судство без никакви аргументи по налог на хунтата монтираат случаи за тероризам против родуљуби и патриоти, луѓе кои дале незамислив придонес за македонското општество, стои во партиското соопштение.
Правната држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде вратена, а сите незаконски постапки ќе бидат ревидирани секој кој постапувал незаконски ќе одговара пред законите на државата. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се продолжи да се гази врз правото и демократијата во државата.
ВМРО-ДПМНЕ бара:
- Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
- Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
- Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.
ВМРО-ДПМНЕ, денес ќе организира протест во 18 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари каде ќе има повеќе обраќања пред присутни
Ново на Сител
-
Додека се слави за примирјето помеѓу Израел и Хамас, Нетанјаху соопшти дека договорот не е постигнат | ВИДЕО
-
САД со нови санкции кон Русија
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново
-
Бајден: Беше животна привилегија да и служам на нашата нација
-
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица