ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е убедливо на дното по странски инвестиции
Македонија со Заев е убедливо на дното по странски инвестиции, од 2 до 4 и пол пати помалку од соседите
Македонија со неспособната власт на Заев е убедливо на дното по прилив на странски инвестиции во регионот и Европа во 2020 година.
Заклучно со месец септември 2020 година во Македонија има помалку странски директни инвестиции во споредба со Србија, Бугарија и Албанија. По глава на жител за 9 месеци минатата година во Македонија влегле 58 евра, во Бугарија речиси двојно, во Албанија и Србија 4 и пол пати повеќе. Ова покажува каква неспособна и криминална власт ја води државата, поради која странските инвеститори бегаат. Не може да се вадат дека корона кризата е причина за нивото на странски инвестиции, бидејќи корона криза имаа и соседните земји, а кај нив странските директни инвестиции се два до 4 и пол пати повеќе по глава на жител.
Главна причина за отсуство на инвестиции во една земја е корупцијата и криминалот на власта.
Заради криминалната власт која секој ден се богати, народот осиромашува. Поради криминалната власт се задолживме за над милијарда евра нов долг за неколку месеци, а истовремено 54 илјади лица останаа без работа. Со Заев Македонија стана најнесреќната, најсиромашната и најкорумпираната држава во Европа.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари