ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е една од најмалку задолжените земји во Европа
ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешните обвинувања од СДСМ за задолженоста истакнува дека Македонија е една од најмалку задолжените земји во Европа.
- Македонија и покрај желбите на СДСМ да се случи грчко сценарио е земја која со години наназад е поздравувана од страна на релевантни меѓународни финансиски институции за успешно менаџирање на јавниот и државниот долг. Македонија денес е една од најмалку задолжените земји во Европа и покрај европската должничка и светската економска криза, што е резултат на успешните економски политики кои ВМРО-ДПМНЕ ги презема, се наведува во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека обвинувањата на СДСМ се побиваат со податоците коишто ги објавува Министерството за финансии за расходната и приходната страна на Буџетот, како и за долговите.
- Впрочем сега граѓаните може да видат каде завршуваат парите, за разлика од времето на СДСМ кога само во мандатот 2002-2006 потрошија милијарди евра народни пари, а камен на камен не оставија,се вели во реакцијата и се додава дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ изградени се три автопати, училишта, градинки, се доделуваат субвенции, стипендии.....
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура