ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДСМ веќе претставуваат навреда на интелигенцијата на народот
Предизборните лаги на СДСМ веќе не поминуваат кај граѓаните.
Залудните се бледите соопштенија на СДСМ исполнети лаги со цел да се прикријат скандалите кои што секојдневно власта ги приредува.
Иако СДСМ се фали со проекти, се уште е се на честичката„ ќе“, бидејќи во овие четири години освен за затворање на РЕК Битола, не видовме некој нов производен капацитет. Се’ е се уште само на хартија и на пресови.
Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ апелира дека со затворање на РЕК „Битола“ и без домашно производство на струја од базна енергија ќе зависиме од увоз.
Наместо да инвестираме во Грција во изградба на гасна централа, таков проект ни е потребен дома, за да имаме домашно производство на електрична енергија.
Се уште Чебрен го нема, а ниту пак ја има и топлификацијата на Битола за која што СДСМ имаше готов проект од ВМРО-ДПМНЕ и наместо да го продолжат, четири години го кочеа за сега да се фалат дека ќе го продолжат.
Ако некогаш сме имале катастрофална енергетика тоа се овие четири години на владеење на СДСМ.
Стопати кажаната лага не станува вистина, народот веќе за ништо не им верува на СДСМ!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
