ВМРО-ДПМНЕ: Криминалната и одродена власт има само една цел, а тоа е да ги натрупаат сопствените банкарски сметки
Криминалната и одродена власт има само една цел, а тоа е да ги натрупаат сoпствените банкарски сметки преку брутален грабеж на државата и народот. Половина од мандатот го потрошија на криминал, милионски тендери во четири очи и распродажба на националните интереси.
Зоран Заев е единствениот премиер во Европа кој е аболициран четири пати за криминал. Еднаш за „Глобал“ во висина од 8 милиони евра, вторпат за случајот „Поткуп“ познат во јавноста како “евро за Вицето, евро за црквата“, трет пат за Пуч и четврти пат за барање упатено до бизнисмените да вршат поткуп на граѓани да излезат на референдум, за што постојат и видео докази.
Јавното обвинителство иако најави истрага за предреферендумскиот повик на Заев за поткуп од страна на бизнисмените епилог се уште нема.
Постои видео инсерт од предреферендумскиот собир на Заев во Крива Паланка, каде што Заев вели: - Денеска во Владата се видовме со инвеститорот на „Минстрој“, вели „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на референдумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се отвораат перспективи“. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците.
Заев во говорот продолжува и вели: - Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почастете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе. Ова е директен повик за поткуп при избори и гласање казниво согласно чл.162 од КЗ и е директно загрозување на правото на слободата на гласачите, со што се крши чл.160 од КЗ.
Од оваа изјава на Заев постојат доволно индиции и укажување на докази кои се доволни против Заев веднаш да биде покрената постапка. Јавното обвинителство наместо да постапи веднаш и без одлагање чекаше да помине референдумскиот процес за да соопшти дека ќе поведе истрага.
Помина еден месец откако Јавното обвинителство кажа дека ќе покренува истрага, но резултат од тоа уште нема, од ова произлегува само едно, дека институциите на системот не се заинтересирани да постапуваат по случаи каде постојат индиции за криминал извршен од страна на Зоран Заев.
Хаосот и криминалот кој се прави од власта не смее да продолжи. Секој еден претставник на власт треба да знае дека за било кое нелегално дејствие одговорност ќе има, кога ќе се врати правната држава.
Ново на Сител
-
Челзи и Мудрик ќе соработуваат за да се утврди причината за позитивниот допинг тест на фудбалерот
-
Планирале напади за новогодишните и божиќните празници, притвор за 4 лица кои создале терористичка организација
-
Обвинение за убиството кај „Мавровка“, го убил од користољубие, пукал и кон полицијата во обид да избега
-
Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места
-
Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици
-
Агелер без коментар за чекорите на Обвинителството по американското јавно назначување на функционери за корупција
-
Груби за Косово заминал со дипломатско возило непосредно пред полициската акција
-
На Самитот ЕУ-Западен Балкан нема да се разговара за уставните измени, посочуваат извори од Европскиот совет