Македонија
23. February 2021 - 9:53

ВМРО-ДПМНЕ: Крај на февруари, а Филипче и Заев не набавиле ни една вакцина

Македонија е на врвот на лисатата на земји кои лошо се справуваат или не се справуваат со корона кризата.

Македонија е меѓу десетте земји од 220 кои ги следи престижниот Џон Хопкинс или е рангирана како земја каде справувањето со последиците од корона е исклучително лошо. 

И во ваква ситуација на крај на февруари, Македонија има само околу четири илјади дози од вакцината против корона, и тоа донација од Србија. 

Македонија не успеала да набави ниту една вакцина! 

Ама Заев вели ќе штедел, не можел попусто да ги троши парите за вакцини, страв му било да не излезело на крај, од толку порачки, да има неколку пати повеќе вакцини од бројката на граѓани кои треба да се вакцинираат?! 

Истиот тој Заев за 24 часа му текна дека требало да ги набави вакцините и дал налог за нивна набавка, а истите му биле понудени, ама ги одбиле од Влада. 

Заев кој со Филипче за време на пандемија се занимаваат со тендери, проценти, со еден збор со криминал, никако да му текне дека едноставно треба да ги набави вакцините!

Заев и Филипче само лажат и зборуваат за некакви нарачки на вакцини.

Фактот е еден, а тоа е дека нема вакцини, ама има повеќе од три илјади починати граѓани од корона!

За ова Заев и Филипче мора да одговараат!

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ