ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не презема ефективни мерки, инфлацијата го јаде стандардот, горивата поскапени над 70%, струјата 30%
Ковачевски не презема ефективни мерки, инфлацијата го јаде стандардот, горивата поскапени над 70%, струјата 30%.
За високите цени на горивата и струјата виновна е пред се власта. Откако СДСМ и ДУИ се на власт тие ја зголемија акцизата на горивата за 13.13 денари, тоа се пари кои секој граѓанин ги плаќа на литар гориво не заради цената на нафтата на светските берзи, туку затоа што СДСМ и ДУИ треба да го полнат буџетот, за да имаат пари за матни тендери.
Владата ја загрози Македонија и во енергетска криза и до 50% од струјата се увезуваше по екстремно скапи цени, а тоа е така затоа што пред почетокот на грејната сезона јаглен во депонијата на РЕК имаше за неколку дена, а хидроакумулациите беа испразнети.
Па како последица на неспособноста ја зголемија цената на струјата.
Инфлацијата веќе предвреме го изеде и најавеното покачување на пензиите од септември од само 5.5%.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ тврди дека мерките на владата се задоцнети и недоволни.
Потребно е реално покачување на платите, како што предложивме и раст на пензиите за 20%.
Дополнително потребни се мерки за намалување на трошоците за производство како намалување за 50% на акцизата за горивата, 100% укинување на акцизата за зелената нафта за земјоделците, како и 0% ДДВ за вештачките ѓубрива.
Со половични мерки како тие на Ковачевски економијата ќе тоне се подлабоко, а народот ќе биде се посиромашен.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз