ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски има влада напишана од Заев
Легитимитетот на владата на Ковачевски од старт е изгубен. Пиунот Ковачевски беше инсталиран од страна на неговиот ментор Зоран Заев. Тој беше поставен и во партијата како поклоник на Заев, опкружен со стари и истрошени кадри, а гледаме дека беше октроиран и во владата. Заев му ја преговараше, Заев му ја составуваше, Заев му ја одобри владата, а пиунот Ковачевски е само спроведувач. Затоа владата на пиунот Ковачевски е влада на заевизмот со целиот континуитет на криминалот, корупцијата и неспособноста.
Истите кадри кои ја клекнаа државата на колена, кои ја пропаднаа економијата, кои создадоа невидена енергетска криза, кои ја направија Македонија најкорумпирана држава во Европа со најсиромашен и најнесреќен народ, истите тие кадри не може да бидат решение и иднина. Ако се види дека во владата остануваат Спасовски, Николовски, Мариќиќ, Битиќи, Бочварски и сите кадри на ДУИ, јасно е дека со оваа влада Македонија ќе тоне во агонија уште неколку месеци. Овие луѓе се синоним за неспособност кои беа дел од крими екипата на претходната влада на заевизмот
Ваквата влада нема иднина и таа мора да замине што поскоро. Само на предвремени парламентарни избори може да биде целосно поразен заевизмот за добро на Македонија.
Ново на Сител
-
Министрите за интерпелациите: Уште еден обид на ДУИ за дестабилизација
-
Таравари: Нема лекарска грешка за смртта на седуммесечното бебе на детската клиника
-
Шуто Оризари „се дави“ во ѓубре, од Комунална хигиена велат редовно го собираме
-
Во Скопје и уште неколку поголеми градови во Македонија и денеска тешко се дише
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Специјализантите ќе добијат пристап во Мој термин
-
Поставен камен темелникот за изградба на резервоар Пребег во Штип, инвестиција од 40 милиони денари
-
Дел од моштите на Свети Стефан изложени во католичката црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица