ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е слуга на Ахмети и во него бара спас, бега од избори затоа што знае дека народот не го поддржува
Ковачевски е слуга на Ахмети и во него бара спас, бега од избори затоа што знае дека народот не го поддржува.
Оваа влада не е на Ковачевски, тој е марионета, слуга на Ахмети и ги извршува неговите насоки. Ахмети не работи за народот, туку за себе.
Додека Ахмети шири национализам, за кој ја замени зелената агенда, и Македонците и Албанците во Македонија живеат лошо со оваа власт.
Сите партии кои се дел од власта се виновни за егзодусот со иселување кој и се случува на Македонија секој ден.
Ковачевски и Ахмети бегаат од избори, затоа што со избори завршуваат нивните кариери.
Оваа власт на ДУИ поддржана од СДС, нема направено ништо за државата, и со секој изминат ден на власт тие пропаѓаат и губат гласови, и Ковачевски и Ахмети тоа го знаат, но за ден повеќе власт се спремни да ги потонат со себе и своите партии и иднината на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно