ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е опериран од срам, за скандалот со Онкологија се прави дека не е оттука
Ковачевски е опериран од срам. Секогаш кога се случува трагедија иили се појавува скандал тој излегува во јавноста со изјава од „јас не сум од тука“, „вознемирен и изненаден сум“, како да се работи за аналитичар, а не премиер на државата.
Неговата коалиција е 7 години на власт, а самиот тој две години е премиер. Во овој период се случија трагедии во кои настрадаа 75 граѓани, период во кој физиолошки раствор се давал наместо терапија и нема никаква одговорност. Сето ова е сведоштво на пациенти и граѓани кои поминале низ хорор и ги загубиле своите најблиски.
Наместо да релативизира и да расфрла пердуви, треба да прифати одгвоорност, затоа што тоа кое што се случувало во клиниката за Онкологија во голем дел се случувало во негово време, во време кога негови министри раководеле со секторот , и во време кога биле именувани во институцијата директори кои се резултат на неговиот коалициски пазар.
Европа и европски вредности се апстрактни именки за Ковачевски. Оваа власт да беше Европа, како што не се, денес ќе беа депонирани оставки, вклучително и неговата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Приведен маж од Дебрца, возел со 1,53 промили алкохол во крвта
-
Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет
-
Велешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата
-
Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина
-
Манев: Таткото на Вања воопшто не е инволвиран во случајот!
-
Манев: Со солзи во очите ја закопав Вања откако Палевски со пиштол и перниче во раката и испука куршум
-
Приведен лихвар од Куманово
-
Две жени од Кавадарци и Неготино пријавиле физички напад и закана од сопрузите