ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични против 200 лица за референдумот
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не го признава резултатот од референдумот зашто го смета за груб фалсификат, а утре ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинитество против повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај.
Како што соопшти потретседателот на партијата Алкесандар Николовски по седницата на Централниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ не води битка за власт и за избори, туку за зачувување на името на Македонија.
- Среќни сме со резултатот од референдумот со кој уставното име е зачувано. Ги повикуваме граѓаните да се обединат за заштита на државните интереси и за ставање крај на последните политичари од транзицијата кои ја водат Македонија назад, апелира Николовски.
Тој обвини дека за време и по референдумот се вршени притисоци. Како што рече, над 50.000 гасови биле злоупотребени во текот на референдумот, а и грубо биле полнети кутии. - Голем број граѓни кои не излегоа или излегоа и гласаа „против“ се преместени од своите работни места или се избркани од приватни компании, изјави Николовски.
Според него, на вечерашната седница не станало збор за кадровски прашања.
Во врска со евентуални предвремени избори, Николовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за формирање влада по пржинскиот модел со мандат од 100 дена, а бара и формирање општински изборни штабови што ќе функционираат до завршување на претседатлските избори.
Ново на Сител
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час