ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ги гасифицираме медицинските центри
ВМРО-ДПМНЕ се што ќе вети, ќе исполни по 12-ти април.
ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ја формира својата влада ќе започне со реализирање на проекти за доброто на граѓаните.
Еден од проектите кои што ќе бидат приоритет на наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде гасификацијата. Како за домаќинствата, така и медицинските центри ќе бидат гасифицирани, се со цел намалување на загадувањето кое во изминатите години се забележуваше во институциите.
Приоритетни медицински центри кои ќе бидат први гасифицирани се Клиничкиот Центар во Скопје, болниците во Гостивар, Тетово, Прилеп, Битола и Куманово. Котларите кои во најголемиот дел од болниците долги години наназад претставуваа загадувач, сега ќе бидат во функција на болниците без при тоа да се загадува.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува по 12-ти април со сиот свој капацитет да се заложи за подобрување на здравствениот систем во Република Македонија, како и модернизирање на болниците и болничките капацитети кои се од огромно значење на граѓаните.
Граѓаните заслужуваат силно и стабилно здравство кое ќе биде на располагање секогаш кога тоа ќе биде потребно, а тоа ќе го добијат по 12-ти април по формирањето на новата влада раководена од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден