ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева влезе во политичка кампања
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека целта на денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) била да се покријат, како што наведува во реакција,, скандалозните изјави и ветувања на претседателот на СДСМ Зоран Заев дадени пред албанската дијаспора во Швајцарија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, специјалната обвинителка Катица Јанева со потврдила дека е продолжена рака на Заев и без ниту еден доказ, ја погазила правната фела и влегла во политичка кампања. Специјалното јавно обвинителство, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, одлучи да се вклучи во изборна кампања уште пред да стартуваат изборните каравани и да се официјализира почетокот.
- Катица Јанева ги потврди сите сомнежи на граѓаните на Република Македонија дека е продолжена рака на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата намера да ја редефинира и федерализира Македонија како бинационална држава и да ја обвини Македонија дека е виновна и за спорот што го има Грција со нашето име и за сите останати отворени прашања со соседите. Дека е тоа така, очигледно е и од последното интервју на аболицираниот Зоран Заев за Фокус каде тој ја најави денешната прес конференција до последен детал, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Јанева, наведува владејачката партија, денеска не објасни како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков и сите останати функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа лицата кои беа најприслушувани. - Таа срамно се обиде да го покрие аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот пријател Зоран Верушевски. Катица Јанева денеска не ја објасни нивната скајп комуникација за заштита и поддршка од чадорот, ниту скајп комуникацијата дека ќе се лее крв до колена. Впрочем и изјавите на Заев и неговите ветувања дадени на албанската дијаспора се најдобриот доказ за „Пучот“ кој бил подготвуван на Македонија. Многу почесно ќе беше кон граѓаните доколку Катица Јанева се кандидираше за носител на листа на СДСМ, наместо на овој начин да ја злоупотребува службената положба и овластувања, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза