ВМРО-ДПМНЕ: Како што СДСМ и ДУИ дружно крадат, така дружно ќе бидат казнети од народот
ДУИ и СДСМ ги обединува само желбата за власт и криминалните тендери. Впрочем тие се главната причина поради која Македонија се наоѓа во невидена економска, енергетска и здравствена криза. Единствено кое организирано функционира во државата е криминалот на власт на СДСМ и ДУИ, а се друго тоне.
Народот осиромашува поради криминалот и корупцијата на ДУИ и СДСМ. И Македонците и Албанците и Турците и Србите и Бошњаците и Ромите и Власите и сите останати гледаат дека Македонија ја владее мафија која ги има поделено бизнисите и сферите на интерес. Затоа не се напаѓаат, затоа не се гонат за криминал, оти народот вели врана на врана очи не вади. Исти се.
СДСМ и ДУИ секогаш кога се соочени со објективни критики или се фатени во криминал, прво што прават е да се прават жртви. Додека СДСМ е со полна уста европски вредности, а краде, нивниот партнер истото го прави, ама освен со европски вредност користи зелени агенди или албански интереси за да ја замајува јавноста. Тоа веќе не им поминува кај никого. Албанците масовно се исселуваат од Македонија, затоа што 20 години ги владее партија која освен гол популизам не направила ништо суштинско да го подобри нивниот стандард.
Како што СДСМ и ДУИ дружно ги делат криминалните тендери, така дружно и ќе бидат казнети од страна на народот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Јужнокорејскиот претседател и јапонскиот премиер се договорија да ги зајакнат врските
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар
-
Најмалку 56 уапсени во Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти
-
Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-
Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија
-
Нови цени на горивата
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”