ВМРО-ДПМНЕ: Јавното обвинителство да поведе постапка против Рашковски и да побара притвор

Провизии во една правна држава не смее да се договараат ниту во четири очи како што целата јавност виде дека Заев практикува во случајот „евро за Вице”. Во секоја држава членка на ЕУ функционерот-криминалец би завршил во затвор, а не да добие амнестија, како што Заев беше ослободен од македонскиот суд.
Изјавата на Заев „Да се зборува за провизии на состанок каде биле осум души апсолутно е далеку од која било нормална свест“ само докажува дека човекот е научен да бара поткуп во друг формат од начинот на кој што делува неговиот генерален секретар.
Рашковски е копија на Заев. Негов ученик во корупцијата и криминалот.
Затоа Заев го штити и не го менува. Заев е тој што дал овластување однапред да се каже кој ќе победи и да се чека „награда”.
Јавното обвинителство треба да се охрабри и согласно закон да поведе постапка против Рашковски и да побара притвор за истиот, како тој нема да може да избега, да го повтори делото, ниту пак да влијае врз сведоци.
Недозволиво е Јавното обвинителство да молчи за случај каде постои сомнеж за криминал за кој е предвидена казна затвор од над пет години.
Одговорност мора да има.
Ново на Сител
-

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
-

Да се инвестира во надоградување на домашните работници, а не да се увезува работна рака
