-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Јанева да почне процедура за уништување на незаконски сниманите разговори
-->

ВМРО-ДПМНЕ бара Катица Јанева да го почитува законот и да почне процедура за уништување на незаконски сниманите разговори за да се спречи секаков ризик некој да биде уценуван во иднина и смета дека секое друго однесување ќе биде ново кршење и непочитување на законите.
- Од правна институција СЈО станува главна политичка алатка за жигосување на луѓе и на политичка манипулација. СЈО е политички огранок на СДС и тоа го докажува со секоја своја постапка. СЈО не постапува правно и врз основа на аргументи, туку извршува политички наредби. Затоа на СЈО единствен таргет му е ВМРО-ДПМНЕ. Затоа СЈО води политички монтиран процес чија цел е кршење на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на Република Македонија, рече Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Доказ дека целта на политичката хајка која ја води СЈО е ВМРО-ДПМНЕ, нагласи, е фактот што во нивните монтирани случаи се опфатени стотина лица од партијата.
- Намерата е партијата политички да се оцрни и меѓународно да се изолира. Заради тоа се одземени пасошите на четириесетина луѓе само од ВМРО-ДПМНЕ и никој друг. Само врз пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се применуваат мерки за претпазливост, а не и врз други пратеници, што јасно укажува дека ние имаме процес на целокупна политичка хајка само против членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Јовановски.
Според него, целта на СДСМ е преку СЈО да ја гуши опозицијата и да ја спречи демократијата.
- На дело се спроведува инквизиција во 21 век, на европско тло. Овој процес нема никаква врска со правото. Со оглед на тоа што политизацијата е главната водилка според која се води СЈО и СДС, и со оглед на фактот што помина законскиот рок за покренување на обвиненија и нови истраги, а имаа цели 18 месеци да работат на тоа, согласно законските нормативи незаконски снимените материјали со кој располага сега во моментов СЈО мора да бидат уништени, рече Јовановски и додаде дека СЈО фактички и правно треба да започне да ги почитува законите и да престане да делува како некаква општинска организација на СДСМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со закани одзеле пари од малолетници, приведени три лица во Скопје
-
Кинеско МНР: Кина нема да посветува внимание на американската „игра со бројки“ во врска со царините
-
РСБСП со апел за Велигденските празнични денови: Возете одговорно и безбедно!
-
Колумбија прогласи вонредна состојба поради жолта треска и смртни случаи
-
Кампања на Царинска управа „Стоп за корупција“ за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата
-
Шалтерите на ЈП Водовод и канализација - Скопје утре ќе работат до 15:30 часот, понеделник е неработен ден
-
Папата Франциск нема да ги предводи велигденските богослужби во Ватикан
-
Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица од денеска само по левиот тунел